Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут сошл наведе дека пилотот бил пронајден „длабоко во планините на Иран“, и дека иранските сили биле блиску.
„Иранската војска го бараше интензивно, во голем број, и беше блиску“, порача тој.
Додаде дека станува збор за висок офицер и дека спасувачката операција била исклучително ризична.
„Вакви акции ретко се изведуваат поради опасноста за луѓето и опремата“, наведе тој.
Трамп особено ја пофали американската војска за изведената операција.
„Тоа е неверојатен показател за храброста и способноста на сите вклучени“, напиша тој.
Според достапните информации, станува збор за една од најризичните спасувачки операции во тековната војна, во која американските сили дејствувале длабоко на територијата на Иран.
Набргу потоа објави нова порака во која повторно му се закани на Иран.
„Вторник ќе биде Ден на електрани и Ден на мостови, сè во едно, во Иран. Нема да има ништо слично на тоа. Отворете го проклетиот теснец, вие луди гадови, или ќе живеете во пекол – само гледајте“, напиша Трамп и на крајот додаде „слава на Алах“.
Трамп и претходно се закануваше со напади врз иранската енергетска инфраструктура ако Техеран не го отвори Ормускиот теснец.






