Иран објави дека денес ќе нападне посилно од кога било.
„Подобро да не го сторат тоа, бидејќи ако го сторат тоа, ќе ги удриме со сила каква што никогаш порано не е видена“, порача Трамп.
Претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф ги нарече американските и израелските лидери „валкани криминалци“ кои ќе се соочат со „разорни удари“ за нападот врз Иран.
„Ги преминавте нашите црвени линии, за кои мора да платите. Ќе ви нанесеме толку разорни удари што ќе мора да се молите“, кажа Калибаф во телевизиско обраќање.
Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот, генералот Абдол Рахим Мусави, и министерот за одбрана, генералот Азиз Насирзаде, се убиени во воздушен напад за време на состанокот на Советот за одбрана на Иран.
Убиени се и командантот на Револуционерната гарда и советникот за безбедност Али Шамкани, пренесува Асошиејтед прес.






