среда, 21 јануари 2026

Трамп му се закани на Иран: Ако нешто ми се случи, ќе ја кренеме целата земја во воздух

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека на континуираните закани за негово убиство од страна на лидерите во Техеран ќе одговори со „кревање на земјата во воздух“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Па, тие не треба да го прават тоа, но јас им дадов до знаење. Што и да се случи, ние ќе ја дигнеме целата земја во воздух, целата земја ќе биде дигната во воздух“, изјави Трамп за Њуз нејшн, пренесува Хил.

Трамп претходно кажа дека оставил инструкции за Соединетите Американски Држави да го уништат Иран ако таа изврши атентат врз него.

„Тие не го направија тоа и би било ужасно за нив да го направат тоа. Не поради мене, ако го стореа тоа, ќе бидат збришани. Тоа би бил крајот. Оставив инструкции, ако го направат тоа, ќе бидат збришани, немаше да остане ништо. И, не би требало да се во состојба да го сторат тоа“, кажа Трамп.

Тој предупреди дека нападот врз Иран е на маса по антивладините протести, во кои повеќе од 3.300 луѓе беа убиени во судири со иранските безбедносни сили.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини САД за заговор против иранската влада и за поддршка на протестите, велејќи дека САД се обидуваат да го „проголтаат Иран“.

„Немаме намера да ја водиме земјата во војна. Сепак, нема туку така да дозволиме криминалци да влезат во земјата. Полоши од домашните криминалци се меѓународните криминалци! Ниту ние нема да ги пуштиме внатре“, напиша Хамнеи претходно во една од неколкуте објави на социјалната мрежа Икс.

Претставници на разузнавачките служби го известиле Трамп за наводни закани против него за време на претседателската кампања во 2024 година, а поранешниот државен обвинител Мерик Гарланд кажа дека заговорот бил одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани од страна на САД во 2020 година, за време на првиот мандат на Трамп како претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ