„Не знам. Мислам, ќе ве известам во одреден момент. Но, мислам дека Русија сака да види крај на војната, но можно е да одолговлекуваат“.
Според Трамп, тој самиот прибегнувал кон такви тактики во бизнисот. „Го правев тоа со години, знаете; не сакам да потпишам договор, сакам да останам во игра, но можеби не сакам да го сторам тоа, навистина… Не сум сигурен“, рече тој.
„Но, не“, додаде тој. „Мислам дека Русија би сакала да види крај на ова, и мислам дека Зеленски би сакал да види крај на ова во овој момент“.
Трамп рече дека двете страни губат во просек по 2.500 војници неделно.
„Тие не се Американци, но не ми е важно, од таа гледна точка. Ги гледам сликите од бојното поле; порадо не би ги гледал. Имаме раце и нозе и глави на целото бојно поле. Оружјето е лудо. Сега е голема работа тоа со беспилотните летала. И само сакам да престане“, рече американскиот претседател.
Во вторникот, на 25 март, во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, американската и украинската делегација одржаа нова средба по украинско-американските преговори на 23 март и американско-руските разговори на 24 март.
За време на состанокот на 25 март, Соединетите Американски Држави и Украина се договорија да обезбедат сигурна пловидба, да се воздржат од употреба на сила и да спречат употреба на трговски бродови за воени цели во Црното Море.
Белата куќа исто така објави дека, по преговорите меѓу американската и руската делегација на 24 март, Соединетите Држави ќе помогнат да се врати рускиот пристап до светскиот пазар за земјоделски производи и ѓубрива.






