петок, 30 мај 2025

Трамп: Можеби американските деца ќе имаат помалку кукли, но Кина ќе помине многу полошо

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп призна дека неговите царини би можеле да доведат до тоа во неговата земја понудата на производите да биде помала и поскапа со тоа што кажа дека американските деца можеби „ќе имаат две кукли, а не 30“ како сега, но изнесе тврдење дека Кина ќе помине многу полошо во трговската војна која тој ја почна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако нов извештај на владата покажа дека американското стопанство изгубило на сила во првите три месеци годинава, републиканскиот претседател настојува да ја намали нервозата со тврдењата дека царините кои тој ги воведува на други земји нема да предизвикаат рецесија.

Трамп по седницата на својот министерски кабинет за тоа веднаш го обвини претходниот претседател на САД, Џо Бајден, а на својата администрација ѝ порача дека Кина поради царините „ќе има огромни тешкотии, бидејќи нивните фабрики не работат“.

Тој оцени и дека навистина не е потребен увоз во САД од земјата која е доминантен светски произведувач.

„Знаете, некој кажа „Па рафтовите ќе бидат празни!“. Па можеби децата ќе имаат две кукли наместо 30. Па можеби тие две кукли ќе бидат нешто поскапи од обично“, кажа Трамп.

Претходно вчера министерството за трговија соопшти дека американското стопанство изгубило на сила 0,3 отсто во првите три месеци оваа година во однос на истиот период минатата година.

Зад овој пад стои растот на увозот, бидејќи компаниите се обидуваат да предупредат на влијанието на растот на царините на автомобилите, челикот, алуминиумот и увозот од речиси секоја земја. Дури и позитивните знаци за зголемена домашна потрошувачка укажуваат дека робата се купува пред зголемените царини да доведат до поскапување на увозните производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ