Трамп за Ен-би-си њуз кажа дека бил „многу лут“ и „гневен“ кога рускиот претседател Владимир Путин повика на смена на украинскиот претседател Володимир Зеленски и воспоставување преодна влада со поддршка од Обединетите нации, пренесува Ен-би-си.
„Нова власт значи дека уште долго нема да има договор, нели?“, кажа американскиот претседател. „Ако сме среде преговори, тогаш можам да кажам дека бев многу лут, гневен, кога Путин почна да ја доведува во прашање веродостојноста на Зеленски, бидејќи тоа едноставно не води во добра насока, разбирате?“, кажа Трамп.
trump is pisst of with putin.
A few hours ago, trump called me and said he was “pisst of with putin” and ready to impose additional tariffs on russian oil, – NBC journalist. pic.twitter.com/TSGgXB4eIm
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) March 30, 2025
Тој за Ен-би-си кажа дека планира оваа недела да разговара со Путин. За време на својата претседателска кампања во 2024, Трамп повеќе пати вети дека ќе го оконча конфликтот во Украина, и е фокусиран на тоа прашање уште од преземањето на должноста на 20 јануари, Трамп и самиот бараше избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.
Путин во петокот сугерираше дека Украина би требало да биде ставена под некаков вид привремена управа за да се овозможат нови избори и потпишување на клучните договори.
„Ако Русија и јас не успееме да постигнеме договор за сопирање на крвопролевањето во Украина, и ако сметам дека тоа е вина на Русија, ќе воведам секундарни царини на нафтата, на целата нафта која доаѓа од Русија“, кажа Трамп. „Тоа би значело дека, ако купувате нафта од Русија, не можете да соработувате со САД“, додаде Трамп.
„Ќе има царини од 25 отсто на цела нафта, царини од 25 до 50 процентни бода на целата нафта“, истакна американскиот претседател. Трамп кажа дека Путин знае дека му е лут, но истакна дека „има многу добар однос со него“ и дека „гневот брзо ќе ослаби ако тој постапи правилно“.
Изјавата на Трамп е спротивна со неодамнешните сигнали за можно затоплување на односите меѓу Русија и САД, откако Белата куќа сигнализираше спремност за ублажување на санкциите против Москва во замена за примирје на Црно Море.