четврток, 10 јули 2025

Трамп: Многу е тешко да се бара од Израел да ги сопре своите напади

Американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на новинарите по пристигнувањето во Бедминстер, мал град во државата Њу Џерси, каде што се наоѓа неговото приватно голф-одморалиште.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за актуелниот конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп кажа дека „многу е тешко да се побара од Израел да ги запре нападите“ – што претходно го повика Иран да го стори.

Тој, исто така, тврдеше дека Иран „не сака да разговара со Европа“, но „сака да разговара со нас“.

„Европа нема да може да помогне во овој момент“, оцени американскиот претседател.

На прашањето дали одлуката за евентуален напад врз Иран е најтешката што ќе мора да ја донесе како претседател, Трамп одговори: „Не би можел да ви го кажам тоа сега. Ќе ви кажам за околу една година… таквите одлуки никогаш не можат да се знаат однапред“.

Тој додаде дека „можеби“ би поддржал прекин на огнот меѓу Израел и Иран – „во зависност од околностите“.

„Во ваков конфликт, не е лесно да му се каже на некого да престане“, рече тој.

„Мислам дека Израел се справува многу добро во оваа војна, а Иран се справува малку помалку добро“, заклучи Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ