недела, 14 декември 2025

Трамп: Мировен договор е подобар од прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Трут соушал по она што го нарече „одличен и многу успешен ден во Алјаска“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп кажа дека средбата со рускиот претседател Владимир Путин „поминала многу добро“, како и телефонскиот разговор доцна во ноќта со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „различни европски лидери, вклучувајќи го и високо почитуваниот генерален секретар на НАТО“.

„По разговорот, сите се согласија дека најдобриот начин да се заврши оваа ужасна војна меѓу Русија и Украина е преку директен мировен договор, а не едноставно прекин на огнот, кој често не трае“, напиша Трамп.


Тој потврди дека Зеленски ќе се сретне со него во Овалната соба во понеделник попладне.

„Ако сè оди добро, тогаш ќе закажеме средба со претседателот Путин“, додаде Трамп.

Тој ја заврши објавата со пораката: „Потенцијално, милиони човечки животи би можеле да бидат спасени. Ви благодарам за вашето внимание!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ