сабота, 12 јули 2025

Трамп: Медиумите омаловажуваат еден од најуспешните напади во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Трут соушл и ги обвини медиумите дека се обидуваат да го потценат успехот на американскиот воен напад врз Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Лажните Си-ен-ен вести, заедно со дебаклот наречен Њујорк Тајмс, се здружија во обид да го омаловажат еден од најуспешните воени напади во историјата. Нуклеарните објекти на Иран се целосно уништени! И Си-ен-ен и Тајмс се остро критикувани од јавноста!“, напиша Трамп.

Неколку американски медиуми објавија дека раната проценка на американската разузнавачка заедница покажала дека нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништиле клучните компоненти на нуклеарната програма на земјата и веројатно ја забавиле само за неколку месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ