понеделник, 11 август 2025

Трамп: Ќе воведам дополнителни царини за секој што ќе соработува со антиамериканскиот сојуз БРИКС

Претседатлот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што го поддржува политичкиот сојуз БРИКС, кој е против интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 отсто.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја земја што се согласува со антиамериканската политика на БРИКС ќе плати дополнителна царина од 10 отсто. Нема да има исклучоци“, објави Трамп на својата мрежа Трут соушл во неделата.

Изјавата на Трамп доаѓа откако членовите на БРИКС ја критикуваа неговата тарифна политика и предложија реформи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и начинот на кој се одредува вредноста на клучните светски валути.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера изјави дека царините што ги објави претседателот Доналд Трамп уште во април ќе стапат на сила на 1 август за сите земји што дотогаш нема да постигнат договор со неговата администрација.

Со години, Трамп остро го критикуваше сојузот БРИКС, кој беше основан за да го зајакне меѓународното влијание на своите членови и да обезбеди противтежа на САД и Западна Европа.

Минатата година, бројот на членови на БРИКС се прошири – покрај Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, на алијансата се приклучија Египет, Етиопија, Индонезија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Лидерите на БРИКС, кои се собраа на состанок во Рио де Жанеиро, Бразил, овој викенд, повикаа на реформа на глобалните институции и го претставија сојузот како платформа за дипломатија во време на зголемени трговски конфликти и геополитички тензии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ