„Денес имам голема чест да поднесам тужба за клевета и навреда во износ од 15 милијарди долари против Њујорк тајмс“, рече Трамп на својата социјална мрежа Трут сошл.
Тој рече дека Њујорк тајмс е „еден од најлошите и најкорумпирани весници во историјата на земјата“ и дека практично станал „гласноговорник на радикално левичарската Демократска партија“.
Тој наведе дека тужбата ќе биде поднесена на Флорида, но не даде никакви дополнителни детали за нејзината содржина.
Трамп го обвини весникот дека изнесува лажни тврдења за него, неговото семејство и неговите бизниси, но не прецизираше кои точно се обвинувањата.
Њујорк тајмс сè уште не коментираше за најавената тужба.






