среда, 14 јануари 2026

Трамп: Кажано ми е дека убиствата во Иран сопираат

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп вечерва изјави дека му било кажано дека убиствата како дел од сузбивањето на масовните протести низ целата земја од страна на иранските власти се смируваат и дека верува дека во моментов нема план за масовни егзекуции, иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето кој му кажал дека убиствата престанале, Трамп кажа дека тоа се „многу важни извори од другата страна“, пренесува Ројтерс.

Трамп не ја исклучи можноста за американска воена акција, наведувајќи дека ќе „набљудува каков е процесот“, а потоа додаде дека американската администрација добила „многу добра изјава“ од Иран.

Коментарите на Трамп изгледаат како обид претпазливо да ги смири стравувањата дека кризата во Иран може да се претвори во поширок регионален конфликт, пишува Ројтерс.

Во телевизиско интервју во понеделникот Трамп предупреди дека Соединетите Американски Држави ќе преземат „многу силни мерки“ доколку иранските власти извршат егзекуции на демонстрантите кои ги приведоа за време на масовните немири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ