Трамп, кој ја презеде должноста на 20 јануари, за време на својот втор, непоследователен мандат во Белата куќа, направи нејасни алузии за барање трет мандат, но директно се обрати за тоа денеска во телефонското интервју за Ен-би-си њуз.
„Не, не се шегувам. Не се шегувам, но прерано е да се размислува за тоа. Постојат, постојат методи со кои би можеле тоа да го направите, како што знаете“, рече тој.
Трамп одби да ги елаборира конкретните методи.
Американските претседатели се ограничени на два четиригодишни мандати, последователни или не, според 22 амандман на уставот на САД.