недела, 14 декември 2025

Трамп кажа дека лани од дрога починале 300 милиони, а САД имаат 340 милиони жители (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се обиде да го оправда смртоносниот американски напад врз венецуелски брод велејќи дека 300 милиони луѓе, очигледно мислејќи на Американците, починале од дрога минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој направи грешка во проценката за речиси 300 милиони.

Претходно овој месец Трамп ѝ нареди на војската да уништи венецуелски брод за кој се сомневале дека транспортира дрога во Соединетите Американски Држави, при што загинаа 11 лица. Овој потег предизвика критики од двете страни на политичкиот спектар.

„Мислам дека веројатно имавме точни информации, ги фативме лошите момци, но… не е наша политика само да ги разнесуваме луѓето“, кажа републиканскиот сенатор Ранд Пол по нападот.

Трамп вчера го прашаа за тврдењата дека нападот бил нелегален.

„Она што е нелегално се дрогата што била на бродот, дрогата што се испраќа во нашата земја и фактот дека 300 милиони луѓе починале минатата година од дрога – тоа е она што е нелегално“, кажа Трамп.

Трамп често дава произволни бројки, кои често ги надувува во зависност од потребите на моментот. На пример, ова лето, тој кажа дека ги намалува цените на лековите на рецепт за 1.500 отсто, што – ако е точно – би значело дека цените паѓаат во негативни вредности.

Неговото најново тврдење има сличен проблем: за да биде точно, огромното мнозинство од населението на САД – моментално околу 340 милиони луѓе – би требало да се мртви.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), околу 75.000 луѓе починале од предозирање со дрога во изминатата година. Ова е намалување во споредба со претходните години; повеќе од 110.000 луѓе починале во 2023 година, но бројот никогаш не се приближил до вкупниот број што го наведе Трамп.

Глобално, околу 600.000 луѓе умираат годишно од употреба на дрога, според Светската здравствена организација, што е само 0,2 отсто од бројката што ја наведе Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ