„Имавме одлични односи“, кажа Трамп во радио интервју и дека е „многу разочаран од претседателот Путин… Илјадници луѓе умираат, тоа е војна што нема смисла“.
Сепак, американскиот претседател не прецизираше дали неговото разочарување ќе има последици за Русија, на што даде двонеделен ултиматум што истекува на крајот од оваа недела.
Тој кажа дека не е загрижен за потенцијалниот сојуз меѓу Русија и Кина, за кој денес разговараа Путин и претседателот Си Џинпинг во Пекинг пред големата воена парада во кинескиот главен град.
„Воопшто не сум загрижен“, порача Трамп.
„Имаме убедливо најмоќната војска во светот и тие никогаш нема да ја користат својата војска против нас. Верувајте ми, тоа би било најлошото нешто што некогаш би можеле да го направат“, кажа Трамп.






