четврток, 5 март 2026

Трамп ја смени министерката за внатрешна безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ја смени министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и на нејзино место ќе го номинира републиканскиот сенатор Марквејн Малин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката доаѓа по жестоките сослушувања во Конгресот, каде што Ноем беше остро критикувана од демократите и дел од републиканците за спроведувањето на имиграциската политика на администрацијата.

Ноем ќе ја напушти функцијата, со што станува првиот член на кабинетот што си заминува во вториот мандат на Трамп. Таа беше под силен притисок поради протестите и судските тужби поврзани со имиграциските мерки, како и поради критики за управувањето со федералните средства и реакцијата при природни катастрофи.

Трамп најави дека Ноем ќе добие нова функција — специјален пратеник за иницијативата „Штит на Америките“, безбедносна програма насочена кон западната хемисфера.

Малин мора да биде потврден од Сенатот, но додека трае процедурата може привремено да ја извршува функцијата министер за внатрешна безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ