недела, 14 декември 2025

Трамп ја распореди Националната гарда во Вашингтон; „Историска акција“ за спасување на престолнината

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ќе ја распореди Националната гарда во Вашингтон и ќе ги стави полициските сили на Дистрикт Колумбија под федерална контрола, како дел од напорите за намалување на криминалот и бездомништвото во главниот град на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Најавувам историска акција за спасување на нашиот главен град од криминалот, крвопролевањето, хаосот, бедата и уште полошо. Ова е денот за ослободување на Вашингтон“, порача Трамп на прес конференција во Белата куќа, според Си-би-ес.

Тој кажа дека формално ќе го одобри членот 740 од Законот за Дистрикт Колумбија од 1973 година, кој ги става полициските сили во округот под директна федерална контрола.

Трамп претходно вети дека ќе ги исели бездомниците од главниот град и ќе ги затвори криминалците, и покрај тврдењата на градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баузер, дека во моментов нема зголемување на криминалот, пренесуваат агенциите.

„Бездомниците треба веднаш да се иселат. Ќе ви дадеме место за престој, но подалеку од главниот град. Криминалци, не мора да се иселувате. Ќе ве ставиме во затвор каде што припаѓате. Исто како на границата“, рече Трамп.

Според тврдењата на Комјунити партнершип, организација која работи на намалување на бројот на бездомници во Вашингтон, околу 3.782 лица се без покрив над глава секоја вечер во градот со околу 700.000 жители.

Повеќето од бездомниците се во засолништа или привремени сместувачки капацитети, додека се верува дека околу 800 се „на улица“, вели организацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ