Одлуката е донесена поради тековните „невообичаени и вонредни закани“ за националната безбедност на Соединетите Американски Држави.
Продолжувањето на вонредната состојба е објавено во Федералниот регистар и му овозможува на претседателот да воведе финансиски и други рестриктивни мерки врз поединци и субјекти поврзани со Западен Балкан според законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации.
Можност за воведување санкции
Белата куќа ги наведе „активностите на поединци кои ги загрозуваат мирот и напорите за меѓународна стабилизација во регионот“, вклучувајќи екстремистичко насилство и опструктивни активности кои „го попречуваат напредокот кон ефикасно и демократското управување и целосната интеграција во евроатлантските институции“.
Вонредната состојба за Западен Балкан првпат беше прогласена во јуни 2001 година, а беше дополнително проширена во јануари оваа година со извршна наредба на Трамп, за да ја вклучи борбата против корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот.
Ова е една од низата вонредни мерки кои ги прошири администрацијата на Доналд Трамп како дел од стратегијата за одржување на економскиот притисок врз регионите што се сметаат за закана за безбедносните интереси на САД.