четврток, 5 март 2026

Трамп ја пофали претседателката на Венецуела: Нафтата повторно тече

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека вршителката на должноста претседателка на Венецуела Делси Родригез „одлично си ја врши работата“ и дека нафтата повторно почнала да тече од таа земја. Трамп ја објави својата изјава на својата социјална мрежа Трут соушал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Делси Родригез, претседателката на Венецуела, одлично си ја врши работата и соработува многу добро со американските претставници. Нафтата почнува да тече, а професионализмот и посветеноста меѓу нашите две земји е навистина убаво да се види!“, напиша Трамп.

Објавата на Трамп доаѓа откако американскиот министер за внатрешни работи Даг Бургум се сретна со Родригез во средата во Венецуела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ