Зборувајќи за преговорите за нуклеарниот договор, Трамп кажа: „Им дадовме можност, а тие не ја искористија“.
„Тие се погодени многу, многу силно. Тие го почувствуваа ударот добро, со сета можна сила. И ќе има уште. И многу повеќе“.
На прашањето дали Соединетите Американски Држави се вклучени во нападот на кој било начин, Трамп одговори: „Не сакам да коментирам за тоа“.
Американскиот претседател коментираше за Иран на својата мрежа Трут соушал, откако му порача на Техеран да постигне договор за својата нуклеарна програма.
Во новиот пост, тој напиша дека Иран „можеби има втора шанса“ да склучи нуклеарен договор, по израелските напади.
„Пред два месеци му дадов на Иран ултиматум од 60 дена да „постигне договор“. Требаше да го сторат тоа! Денес е 61-виот ден. Им кажав што треба да направат, но едноставно не успеаја. Сега можеби имаат уште една шанса!“, напиша Трамп.
Преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарниот договор требаше да влезат во својата шеста рунда оваа недела во Оман. Претходно денес, Иран ги обвини САД дека ги поддржуваат израелските напади, што Вашингтон го негира.