„Претседателот се шегуваше“, кажа Левит, одговарајќи на прашањата на новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба на работата на неговата администрација, сугерирајќи дека „тие работат толку добро“ што, во тој контекст, треба само да се продолжи.
Q: Trump has talked twice in recent days about canceling the election. Why is he talking about this?
Leavitt: “The president was simply joking.”
pic.twitter.com/N3TnJeYvx1— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) January 15, 2026
Изјавата на Трамп потекнува од получасовното интервју кое го даде за Ројтерс завчера во Овалната канцеларија на Белата куќа. Зборувајќи за среднорочните избори, Трамп изрази фрустрација од историскиот модел во кој партијата на власт често губи места во Конгресот.
„Кога ќе го освоите претседателството, не победувате на среднорочните избори“, кажа Трамп, а потоа додаде дека неговата администрација направила толку многу што, како што кажа, „кога ќе размислите за тоа, воопшто не треба да имаме избори“.
Изјавата предизвика загриженост и критики бидејќи американскиот устав предвидува одржување избори за Конгресот на секои две години, без можност за претседателска одлука за нивно откажување.
По реакциите кои следеа, Белата куќа сега тврди дека изјавата на Трамп не била политичка порака или предлог, туку дел од неговиот вообичаен реторички стил, со кој, според тврдењата на Левит, тој сакал само да каже дека неговата администрација ги исполнила очекувањата на гласачите, а не да го доведе во прашање уставниот поредок или да најави промени во изборниот систем.






