Насловот на уредбата е „Враќање на вистината и разумот во американската историја“. Во написот на Би-би-си се вели дека потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој, како потпретседател на Соединетите Американски Држави, автоматски е член на одборот на институцијата Смитсонијан, ќе ја предводи чистката.
Тој, исто така, му наредува на секретарот за внатрешни работи Даг Бургум да го врати целиот федерален имот, вклучувајќи паркови, споменици и статуи, кои биле „неправилно отстранети или изменети во последните пет години за да се изврши историска ревизија“.
Регулативата нагласува дека Конгресот не треба да финансира изложби и програми на институцијата Смитсонијан кои „ги делат Американците по раса“. Се наведува и дека Американскиот женски историски музеј, кој сè уште е во изградба, планира „да ги препознае мажите како жени“.
Се споменува и Националниот музеј на афроамериканската историја и култура, за кој се вели дека ги прогласил „напорната работа“, „индивидуализмот“ и „традиционалното семејство“ како аспекти на „белата култура“. Музејот беше отворен во 2016 година во Вашингтон, кога поранешниот претседател Барак Обама, првиот црн претседател на Америка, ја напушташе функцијата.
Музеите Смитсонијан ги посетуваат околу 15 до 30 милиони луѓе годишно. Се работи за 21 музеј во Вашингтон, Вирџинија и Њујорк. Меѓу нив се Националниот музеј на американската историја, Националната галерија на портрети, Американскиот музеј на уметноста, Националната зоолошка градина и десетици други.
Трамп започна радикално да ја преобликува американската култура, за која вели дека е контаминирана со „вок“ левичарска идеологија. Тој веќе потпиша неколку наредби насочени кон елиминирање на различностите, еднаквоста и програмите за инклузија од федералната влада.