Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, Трамп изјави дека земјите погодени од иранскиот обид за затворање на овој важен морски премин ќе ги испратат своите бродови во регионот.
„Многу земји, особено оние што би биле погодени од обидот на Иран да го затвори Ормускиот теснец, ќе испратат воени бродови заедно со САД за теснецот да остане отворен и безбеден“, напиша Трамп.
Трамп изрази очекување дека и други големи земји ќе се приклучат на операцијата.
„Веројатно е Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и други земји да испратат бродови во областа, така што Ормускиот теснец повеќе нема да биде под закана“, напиша тој.
Тој во објавата исто така тврди дека САД ги уништиле воените капацитети на Иран.
„Веќе уништивме 100 проценти од воените капацитети на Иран“, рече Трамп, додавајќи дека Иран сè уште може да се обиде да испрати беспилотни летала, мини или ракети во областа.
Трамп рече дека американските сили ќе продолжат со воените операции.
„Во меѓувреме, САД ќе го бомбардираат брегот и ќе продолжат да потонуваат ирански бродови и чамци“, напиша тој.
Тој додаде дека, „на еден или друг начин“, Ормускиот теснец наскоро ќе биде „отворен, безбеден и слободен“.






