понеделник, 23 март 2026

Трамп: Иран има уште една шанса

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран се „многу добри“ тврдејќи дека Техеран сака да постигне договор. Зборувајќи во Мемфис, Трамп кажа дека има „многу добри шанси за договор“ со Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Отстранивме сè што можеше да се отстрани во Иран, вклучувајќи ги и нивните лидери“, кажа тој, додавајќи дека Иран има „уште една шанса да ги оконча своите закани“ кон Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.

„Во моментов имаме навистина добри разговори. Почнаа синоќа, делумно и претходната ноќ. Мислам дека се многу добри. Тие сакаат мир. Се согласија да немаат нуклеарно оружје. Но, ќе видиме, мора да го довршиме тоа“, кажа Трамп.

Тој повтори: „Иран има уште една шанса да ги прекине своите закани кон Америка и нејзините сојузници – и се надеваме дека ќе ја искористат. Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни“.

Трамп ги повтори и претходните тврдења за уништување на воените капацитети на Иран, тврдејќи дека тоа е „систематско разбивање на способноста на режимот да ја загрозува Америка“.

И покрај негирањата на Иран, Трамп повторно кажа дека САД и Иран преговараат. „Сега имаме навистина добри разговори. Тие почнаа синоќа, малку пред тоа, ноќта пред тоа“, кажа американскиот претседател.

„Тие сакаат мир. Се согласија да немаат нуклеарно оружје“. Тој додаде дека се надева оти „можеме да постигнеме договор што е добар за сите нас“, вклучувајќи ги сојузниците од Блискиот Исток и Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ