сабота, 4 април 2026

Трамп: Иран има 48 часа или доаѓа пекол

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова закана до Иран на социјалната мрежа Трут соушал, порачувајќи дека Техеран има уште 48 часа пред, како што изјави, „да пристигне пеколот“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се сеќавате кога му дадов на Иран 10 дена да склучи договор или да го отвори Ормускиот теснец? Времето истекува – уште 48 часа пред да им се истури пеколот. Слава му на Бога“, напиша Трамп.

На 26 март Трамп му даде на Техеран ултиматум од 10 дена повторно да го отвори Ормускиот теснец, клучен поморски пат за светската економија кој Иран го блокира од почетокот на војната.

Ултиматумот потоа беше закажан за „понеделник, 6 април во 20 часот по вашингтонско време“. Во исто време, тој постојано повторува дека Соединетите Американски Држави би можеле дополнително да ги интензивираат воените операции ако Иран не попушти, вклучително и напади врз клучни економски цели.

Во неодамнешно обраќање Трамп нагласи дека војната би можела да заврши во рок од две до три недели, но без конкретни детали за тоа како тоа би се постигнало.

Аналитичарите предупредуваат дека честите промени на роковите и заканите дополнително ја зголемуваат неизвесноста на терен, додека конфликтот влегува во петтата недела без јасно политичко решение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ