Еден ден откако Техеран го отфрли планот на американскиот претседател Доналд Трамп од 15 точки за прекин на огнот, американскиот лидер тврдеше дека Иран „моли да се постигне договор“ и дека тој не е тој што притиска за преговори.
Трамп рекол дека операциите против Иран „одат според планот“ и дека американската страна има „целосна контрола врз ситуацијата“.
Тој нагласил дека САД се „отворени за договор“, но дека Иран мора „прво да покаже сериозност и подготвеност“.
Американскиот претседател рекол дека санкциите ќе продолжат и дека притисокот „нема да се намали додека не се постигне резултат“
Претходно денеска Трамп му порача на Техеран „брзо да се усериози“ во преговорите за завршување на војната.
Трамп ја одложува заканата да ги уништи енергетските постројки на Иран до 6 април
Трамп денеска изјави дека ќе му го продолжи рокот на Иран да го отвори Ормускиот теснец до 6 април, повлекувајќи се од својата претходна закана дека ќе ги бомбардира енергетските постројки на Иран доколку Техеран не го отвори овој клучен воден пат.
Иран се закани дека ќе возврати со напади врз виталната инфраструктура во регионот, како што се постројките за десалинизација, доколку Трамп ја спроведе својата закана.
Трамп изјави дека се воздржува од спроведување на заканата бидејќи разговорите насочени кон завршување на конфликтот одат „многу добро“.






