четврток, 25 декември 2025

Трамп има нова тактика за депортации

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп започна национална кампања за откажување на илјадници барања за азил, тврдејќи дека овие луѓе би можеле да бидат депортирани во земји кои не се нивни татковини, објавува Си-би-ес њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа, Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) и Министерството за внатрешна безбедност не одговориле на барањата за коментар.

Новата тактика на владата вклучува адвокатите на ИЦЕ да бараат од судиите да ги отфрлат барањата за азил без расправа, објавува Си-би-ес.

Адвокатите на ИЦЕ бараат од судиите и да наредат депортација на барателите на азил во земји како што се Гватемала, Хондурас, Еквадор и Уганда.

Извештајот на Си-би-ес доаѓа во време кога Трамп се подготвува за поагресивно ограничување на имиграцијата следната година, со милијарди долари наменети за таа цел.

ИЦЕ и граничната патрола ќе добијат дополнителни 170 милијарди долари до септември 2029 година, што е големо зголемување во однос на тековниот годишен буџет од околу 19 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ