Како причина за воведувањето царини, тој ја наведе постојаната нерамнотежа во трговската размена.
Трамп ја информираше јавноста за царините, кои ќе стапат на сила на 1 август, преку својата социјална мрежа Трут соушал. Тој таму ги објави писмата упатени до лидерите на двете земји.
И Јапонија и Јужна Кореја се предупредени да не возвраќаат со зголемување на сопствените царини за увоз на американска стока, или администрацијата на Трамп дополнително ќе ги зголеми царините.
Тоа би можело да им наштети на автомобилскиот и електронскиот сектор на Јапонија и Јужна Кореја, два клучни американски партнери во спротивставувањето на влијанието на Кина.
„Ако од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, тогаш без оглед на износот на зголемувањето, ќе бидат додадени уште 25 отсто на она што го наплаќаме“, напиша Трамп во писмата до јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг.






