Републиканскиот претседател изјави за Политико дека би можел да ги прошири воените операции како дел од борбата против дрогата во Мексико и Колумбија, а во опсежното интервју ја критикуваше и Европа, повторно повика на избори во Украина и го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Тие се слаби“, кажа Трамп, мислејќи на политичките лидери во Европа. „Тие сакаат да бидат многу политички коректни. Не знаат што да прават“, додаде тој. „Европа не знае што да прави“.
Што се однесува до Јужна Америка, Трамп постојано одбива да ја исклучи можноста за испраќање американски трупи во Венецуела како дел од напорите за соборување на претседателот Николас Мадуро, велејќи дека не сака да разговара за воени стратегии: „Не сакам да коментирам за тоа“.
На прашањето дали би размислил за употреба на сила против цели во други земји каде што се шверцува дрога, вклучувајќи ги Мексико и Колумбија, тој одговори: „Би земал предвид“.
Трамп, исто така, кажа дека смета оти е време Украина да одржи избори бидејќи војната се приближува кон својата четврта година.
Се очекува Украина да сподели ревидирана верзија на мировниот план со Соединетите Држави во вторник, еден ден по брзо договорениот состанок со европските лидери.
Исто така, американскиот претседател кажа дека не понудил финансиска помош на владата на неговиот сојузник Орбан, кој се сретна со Трамп минатиот месец во Белата куќа.
„Не, не му ветив, но тој сигурно ја побара“, кажа Трамп.






