петок, 30 мај 2025

Трамп им испрати порака на Канаѓаните на денот на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори својата желба да ја анектира соседната земја и сојузничка на САД, токму на денот на парламентарните избори со кој ќе се одреди следниот премиер на Канада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Среќно на големиот народ на Канада“, напиша американскиот претседател во порака на својата платформа Трут соушл, повикувајќи ги Канаѓаните да „изберат човек кој има сила и мудрост да ги преполови вашите даноци, да ги зајакне вашите воени капацитети, бесплатно, на највисоко ниво во светот, да ги зголеми четирикратно автомобилскиот, челичниот, алуминиумскиот, енергетскиот и сите други сектори, без царини или даноци, ако Канада стане драгоцената 51 држава на Соединетите Американски Држави“.

Канаѓаните денес избираат човек кој ќе се обиде да ја реши кризата со својот американски сојузник и да преговара со Доналд Трамп за различни теми, особено за трговијата.

Американскиот претседател е присутен во кампањата за денешните предвремени канадски парламентарни избори до таа мера што речиси единственото прашање на изборите е кој, помеѓу либералот Марк Карни и конзервативниот (десничар) Пјер Поилиевре, ќе биде најспособен да се соочи со него.

Ако Канада стане 51 американска држава, повеќе нема да има „вештачка линија“ како граница, нагласи Трамп, додавајќи: „Нема граници. Само позитивни работи без негативни. Така треба да биде!“

„Веќе не можеме да ја субвенционираме Канада со стотици милијарди долари годишно како во минатото. Тоа нема смисла освен ако Канада не е (американска) држава“, рече тој.

Владејачката Либерална партија на премиерот Марк Карни и опозициските Конзервативци, предводени од Пјер Поилиевре, водат тесна трка на парламентарни избори во Канада. Најновите изборни анкети сè уште им даваат предност на либералите, но Конзервативната партија ја намали разликата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ