среда, 28 јануари 2026

Трамп и Путин на нова фотографија на ѕидот на Белата куќа (ФОТО)

Во централниот дел од Белата куќа, на делот кој ги поврзува Западното крило и резиденцијалната зона, новинарката Елизабет Ландерс, дописничка на Пи-би-ес од Вашингтон, забележала нова фотографија на ѕидот. На сликата се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин – снимени заедно по самитот на Алјаска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Под таа фотографија е уште една – на неа е Трамп кој стои со една од неговите внуки. Ландерс ја објави сцената на својот профил на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека тоа е нешто што никогаш порано не го видела во таа зона на Белата куќа.

Фотографијата со Путин доаѓа од состанок на Алјаска во август минатата година, каде што Трамп и Путин разговараа како дел од првата средба меѓу руски лидер и американски претседател од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Една недела по таа средба, Трамп се пофалил со таа фотографија пред новинарите во Овалната канцеларија и, според извештаите на американските медиуми, кажа дека Путин му ја испратил. „Ми беше испратена и помислив дека ќе сакате да ја видите“, им кажа Трамп на новинарите во август, коментирајќи дека сликата е „прекрасна“, заедно со коментари за меѓусебно почитување.

Трамп тогаш кажа дека испраќањето на фотографијата од страна на Путин е „знак на почитување“, иако нагласи дека ова почитување не мора да значи договор за сите прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ