На прашањето на новинар дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поддржува прекин на бомбардирањето на Газа и ја поддржува пошироката визија за Соединетите Американски Држави, Трамп вчера одговори потврдно во негово име за Си-ен-ен. Во интервју емитувано денеска, Трамп исто така рече дека очекува наскоро да дознае дали Хамас е навистина посветен на мирот.
Речиси две години по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година на југот на Израел, денеска во Каиро се очекуваат преговарачи на Израел и Хамас на индиректни разговори за планот на Доналд Трамп да стави крај на војната во Газа и да обезбеди ослободување на сите живи заложници и предавање на посмртните останки на убиените заложници.
Хамас завчера објави дека е подготвен да ги ослободи сите израелски заложници, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за палестинската енклава, но рече дека ќе бара преговори за деталите за ослободувањето, како и за други точки како што се предавање на контролата врз Појасот Газа и разоружување на милитантната група.






