недела, 21 декември 2025

Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп запрашан од страна на новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и другите пропалестински активисти кои се обидоа да ја пробијат поморската блокада на Газа одговори „таа е само проблематична“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Значи, веќе не се бави со животната средина, сега се бави со ова?“ додаде тој.

„Таа е проблематична, има проблем со контролата на гневот, мислам дека треба да оди на лекар“, продолжи Трамп.

„Ако некогаш сте ја гледале, таа е толку… Млада личност и е толку лута, толку е луда“, рече американскиот претседател за Грета Тунберг.

Шведската активистка во понеделник пристигна во Грција, каде што беше пречекана од ентузијастичка пропалестинска група, откако израелските власти ја депортираа заедно со стотици други активисти. Тие беа уапсени на отворено море додека се обидуваа да достават хуманитарна помош во Газа, објави Ројтерс. Израел потврди дека протерал 171 активист, вклучувајќи ја и Тунберг, со што вкупниот број на депортирани лица се искачи на 341.

Според соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи, 161 активист, вклучувајќи ја и 22-годишната Тунберг, слетале во Атина во понеделник. Групата вклучувала 27 грчки државјани, како и активисти од речиси 20 други земји.

„Да бидам многу јасна. Пред наши очи се случува геноцид“, изјави Тунберг пред толпата на аеродромот во Атина, осврнувајќи се на воените операции на Израел во Газа. „Никој нема право да каже дека не знаеме што се случува. Никој нема да може во иднина да каже дека не сме знаеле“, рече таа, додавајќи дека државите имаат обврска според меѓународното право да дејствуваат за да спречат геноцид.

„Не гледаме ни најмала акција од нашите влади. Нашите меѓународни системи ги предадоа Палестинците. Тие не се способни дури ни да ги спречат најлошите воени злосторства. Никогаш нема да разберам како луѓето можат да бидат толку зли“, рече таа.

„Она што сакавме да го направивме со флотилата Глобал Сумуд беше да дејствуваме кога нашите влади не ги исполнија своите законски обврски“, рече Тунберг.

Активистите се обидуваа да стигнат до Газа со неколку бродови за да достават помош и да го привлечат вниманието кон тешката хуманитарна ситуација, каде што повеќето од 2,2 милиони луѓе се раселени, а Обединетите нации предупредија за широко распространет глад.

Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и вели дека извештаите за глад се претерани, а флотилата ја опиша како пропаганден трик во корист на Хамас. Тунберг и претходно беше притворена на море во сличен обид да се пробие блокадата во јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ