недела, 13 јули 2025

Трамп го продолжува рокот за продажба на Тикток по трет пат

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го продолжи рокот од 19 јуни за кинеската компанија Бајтденс да ги продаде американските средства на апликацијата за кратки видеа Тикток за 90 дена, и покрај законот што налага продажба или затворање доколку не се постигне значителен напредок, соопшти Белата куќа во среда.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Трамп веќе двапати одобри одложување на забраната за Тикток, донесена од Конгресот, која требаше да стапи на сила во јануари. „Претседателот Трамп ќе потпише дополнителна извршна наредба оваа недела за Тикток да остане во функција“, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Тоа би го продолжило рокот до средината на септември.

„Претседателот Трамп не сака Тикток да биде неактивен“, додаде таа, велејќи дека администрацијата ќе ги помине следните три месеци осигурувајќи се дека продажбата ќе се заврши за Американците да можат да продолжат да го користат Тикток со гаранција дека нивните податоци се безбедни.

Трамп во мај изјави дека ќе го продолжи рокот од 19 јуни откако апликацијата му помогна со младите гласачи на изборите во 2024 година.

Претходно во вторникот, тој им рече на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека очекува уште едно продолжување на рокот.

„Веројатно, да“, рече Трамп кога беше прашан за продолжувањето. „Веројатно ќе треба да добиеме одобрение од Кина, но мислам дека ќе добиеме. Мислам дека претседателот Си на крајот ќе одобри“, додаде тој.

Законот бараше од Тикток да престане со работа до 19 јануари, освен ако Бајтденс не ја заврши продажбата на американските средства на апликацијата или не покаже значителен напредок кон продажбата.

Трамп го започна својот втор претседателски мандат на 20 јануари и одлучи да не го спроведува. Прво го продолжи рокот до почетокот на април, а потоа повторно минатиот месец до 19 јуни.

Во март, Трамп рече дека би бил спремен да ги намали царините за Кина за да постигне договор со кинеската матична компанија на Тикток, Бајтденс, за продажба на апликацијата за кратки видеа што ја користат 170 милиони Американци.

Оваа пролет беше во подготовка договор што ќе ги одделеше американските операции на Тикток во нова компанија со седиште во САД, во мнозинска сопственост и управувана од американски инвеститори, но тој беше одложен откако Кина посочи дека нема да го одобри по најавите на Трамп за високи царини за кинески стоки.

Демократските сенатори тврдат дека Трамп нема законско овластување да го продолжи рокот и сугерираат дека предложениот договор нема да ги исполни законските барања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ