среда, 30 април 2025

Трамп го прекрсти Мексиканскиот Залив во Американски, Гугл мапс веднаш ги смени картите

Откако американскиот претседател Доналд Трамп во неделата потпиша извршна наредба за преименување на Мексиканскиот Залив во Залив на Америка и го прогласи 9 февруари за „Ден на Американскиот Залив“, мапите на Гугл за американските корисници веднаш беа коригирани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Регулативата, насловена како „Враќање на имињата што ја почитуваат американската величина“, му наложи на американскиот министер за внатрешни работи да ја формализира промената на името во рок од 30 дена.

Сега мапите за корисниците надвор од САД ги содржат двете имиња.

Технолошкиот гигант ја објави промената пред неколку дена, наведувајќи ја својата „долгогодишна практика на имплементирање на промени на името кога тие се ажурираат во официјални владини извори“.

Американскиот одбор за географски имиња во понеделникот официјално го преименува Заливот на јужниот брег на САД и на источниот брег на Мексико, откако американскиот претседател Доналд Трамп веднаш по преземањето на функцијата нареди ново име во чест на „американската величина“.

Името Мексикански за морскиот залив на јужниот брег на Соединетите Држави се користи од 16 век.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум одговори дека за нив тоа и натаму ќе биде Мексикански Залив и дека за целиот свет тоа и натаму ќе биде Мексикански Залив.

Корисниците надвор од САД сега прво го гледаат името „Мексикански Залив“, а покрај него во загради е „Американски Залив“ – слично на другите случаи каде што разни земји користат различни имиња за иста географска локација.

„Тоа е долгогодишна практика: кога официјалните имиња се разликуваат помеѓу земјите, корисниците на картата го гледаат нивното официјално локално име. Сите во остатокот од светот ги гледаат двете имиња. Тоа важи и овде“, велат од Гугл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ