„Израел. Не ги фрлајте тие бомби. Ако го направите тоа, тоа е големо прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи кратко откако ја напушти Белата куќа за самитот на НАТО во Хаг.
Американскиот претседател Трамп изјави денеска дека и Израел и Иран го прекршиле примирјето што го објави неколку часа претходно и дека не е задоволен од ниту една земја, особено од Израел, според Ројтерс.