Во краток телефонски разговор со Индипендент Трамп кажал дека не може да коментира каков би бил неговиот одговор доколку иранските сили бидат првите што ќе стигнат до соборениот пилот. „Се надеваме дека тоа нема да се случи“, кажал тој кратко и брзо го завршил повикот.
Трамп изрази оптимизам за судбината на исчезнатиот офицер на воздухопловните сили додека продолжува обемната потрага од страна на американските борбени сили за пребарување и спасување. Еден од двајцата пилоти од урнатиот авион двосед беше пронајден и спасен кратко по инцидентот, но другиот сè уште е исчезнат.
Во меѓувреме, иранската државна телевизија го повика населението да го предаде секој „непријателски пилот“ на полицијата, ветувајќи награда за оној што го сторил тоа. Гувернерот на иранската покраина Кохгилује и Бојер-Ахмад кажа дека секој што ќе го зароби или убие соборениот пилот ќе биде „награден“.
Insane footage of Iranian police officers wielding automatic rifles opening firing on U.S. Air Force HH-60G “Pave Hawk” Combat Search and Rescue (CSAR) Helicopters flying low earlier today over Southern Iran, during the search for the crewmembers of an American F-15E Strike Eagle… pic.twitter.com/LKIFdM5nQJ
— OSINTdefender (@sentdefender) April 3, 2026
Иако претставници на Белата куќа потврдија дека бил информиран за инцидентот, претседателот Трамп сè уште јавно не го признал соборувањето на авионот. Тој не е виден во јавноста од средата вечерта, кога во телевизиско обраќање до нацијата ги повтори оправдувањата за војната со Иран што веќе ги даде на социјалните медиуми за време на едномесечниот конфликт.
Потоа претседателот се пофали дека „никогаш во историјата на војувањето непријателот не претрпел толку очигледни, разорни и огромни загуби за само неколку недели“. Тој тврдеше дека воздухопловните сили, морнарицата и балистичките ракетни капацитети на Иран се, по тој редослед, „во урнатини“ и „збришани“. Тој исто така изјави дека САД „го победиле и целосно го десеткувале Иран“ и дека „ќе ја завршат работата, и тоа многу брзо“.
Иранците денес погодиле уште еден американски авион. Засегнатиот авион учествувал во мисијата за пребарување и спасување на соборениот пилот на Ф-15, потврди американски функционер за Ен-би-си њуз.
Според изворите, станува збор за едносед А-10 „тандерболт“, познат како „вартхог“. По погодувањето, авионот успеал да стигне до воздушниот простор на Кувајт, каде што пилотот сигурно се катапултирал. Потоа се урнал на кувајтска територија.
Два хеликоптери УХ-60 „блекхок“ биле исто така погодени во мисијата за пребарување и спасување. Службеник изјави дека неколку припадници на армијата претрпеле полесни повреди во тој напад, но сите се безбедни.
Така, Иран собори два американски воени авиони – Ф-15 и А-10 – и оштети два хеликоптери „блекхок“ за само неколку часа.






