сабота, 10 јануари 2026

Трамп го прашаа дали ќе го зароби Путин како Мадуро: „Не верувам дека тоа ќе биде нужно“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им изјави на новинарите дека не мисли дека заробување на рускиот претседател Владимир Путин „би било нужно“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговите коментари дојдоа откако новинарите на состанокот со раководителите на нафтените гиганти го прашаа дали некогаш би размислил да ги примени истите мерки против Русија какви што презеде во Венецуела против Мадуро.

„Секогаш сум имал одличен однос со него. Многу сум разочаран. Окончав осум војни. Мислев дека оваа ќе биде некаде на средина или можеби една од полесните“, кажа Трамп.

Шефот на американската држава додаде дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ