понеделник, 23 јуни 2025

Трамп го покани папата Лео Четиринаесетти да ја посети Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани папата Лео Четиринаесетти да ја посети Белата Куќа, во писмо кое неговиот потпретседател денес лично му го предал на новиот папа, кој е Американец, соопшти портпаролката на Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа беше добра средба, продуктивна средба“, им кажа на новинарите портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит зборувајќи за состанокот на потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс со папата, додавајќи дека Трамп се надева дека ќе го види папата во Вашингтон „штом ќе може да дојде“.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лео Четиринаесетти, го прими утринава американскиот потпретседател Џеј Ди Венс  на аудиенција во Ватикан, изјави претходно портпарол на американската влада.

Ватикан објави фотографија од папата, кој е по потекло од Чикаго, како ги прима Венс и шефот на американската дипломатија Марко Рубио, пренесоа светските агенции.

Папата во неделата ја одржа првата миса на која присуствуваа голем број странски високи функционери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ