среда, 9 април 2025

Трамп го отпушти шефот на Националната безбедносна агенција

Шефот на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Тимоти Хоф е отпуштен, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на двајца сегашни и еден поранешен американски функционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тимоти Хоф, кој исто така ја предводеше Американската сајбер команда, беше сменет заедно со својата заменичка Венди Нобл, објави весникот.

Според Вашингтон пост, Нобл е префрлена на работно место во Пентагон. НСА е дел од Министерството за одбрана на САД.

Актуелните и поранешните функционери, наведени од весникот, изјавија дека не ја знаат причината за отпуштањето на Хоф или трансферот на Нобл.

Заменик-шефот на Американската сајбер команда, Вилијам Хартман, е именуван за вршител на должноста директор на НСА, а Шејла Томас, која беше извршен управител на агенцијата, е именувана за негов привремен заменик, објави Вашингтон пост.

Ниту Пентагон ниту Белата куќа веднаш не одговорија на барањето за коментар.

Демократот Џим Хајмс, висок член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, го осуди разрешувањето на Хоф.

Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, републиканскиот претседател Доналд Трамп отпушти голем број шефови на американски служби и ги замени со лојални луѓе.

Илон Маск, кој ги предводи напорите на администрацијата на Трамп за намалување на бројот и подобрување на ефикасноста на вработените во федералната влада, минатиот месец ја посети НСА за да се сретне со Хоф.

НСА е една од главните разузнавачки агенции на САД и користи модерна, специјализирана технологија и системи за собирање и анализа на разузнавачките податоци.

Американската сајбер команда, од друга страна, спроведува офанзивни и одбранбени операции и ги надгледува мрежите на Министерството за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ