сабота, 14 јуни 2025

Трамп го откажа присуството на преговорите во Истанбул откако беше објавено дека Путин не доаѓа

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските преговори, изјави американски функционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој го изјави ова откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.

Трамп претходно изјави дека може да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.

Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.

Украински функционер синоќа објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе патува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека рускиот колега Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ