недела, 14 декември 2025

Трамп го одложи воведувањето поголеми царини за Мексико за 90 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ќе му даде на Мексико, најголемиот трговски партнер на неговата земја, одложување од 90 дена за постигнување трговски договор, што значи дека најавените повисоки тарифи засега нема да стапат на сила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп напиша на својата социјална мрежа Трут соушалl дека разговарал по телефон со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, опишувајќи го разговорот како „многу успешен“. Царините од 25 отсто за повеќето стоки од Мексико ќе останат на сила додека траат преговорите.

Претходно овој месец Трамп се закани дека ќе ги зголеми тарифите на 30 отсто. Денес, претседателот на Соединетите Американски Држави напиша на Трут соушал дека тарифите за автомобили сè уште ќе бидат 25 отсто и дека тарифите од 50 отсто за челик, алуминиум и бакар сè уште ќе важат.

Шејнбаум го изрази своето задоволство по телефонскиот повик. „Го избегнавме зголемувањето на тарифите најавено за утре и ни беа дадени 90 дена за да создадеме долгорочен договор преку дијалог“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Утре на сила ќе стапат повисоки царини за многу земји кога станува збор за увоз во САД, како што почнува следната фаза од трговската политика на Трамп. Некои земји, вклучувајќи ги Британија и Јапонија, веќе постигнаа договори со владата на Соединетите Американски Држави за намалување на царините.

Пред четири дена, по неколкумесечни преговори, Европската Унија се согласи на трговски договор со САД, според кој основната царинска стапка за извоз од ЕУ во САД ќе биде 15 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ