среда, 11 јуни 2025

Трамп го нападна претседателот на Јужна Африка среде Белата куќа, го обвини за геноцид над белците (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп му се нафрли на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса за време на состанокот во Белата куќа вчера околу низа спорни теми, вклучувајќи ги и тврдењата на Трамп за наводен „геноцид врз белците“ во Јужна Африка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на состанокот, атмосферата била  пријателска – Трамп ги пофалил јужноафриканските голфери, додека Рамафоса изразил желба да разговара за трговијата и клучните минерали. Сепак, тонот на разговорот брзо се променил откако Трамп пуштил видео за кое кажал дека го докажува геноцидот врз белите земјоделци.

Рамафоса седел речиси безизразно за време на видеото, повремено движејќи го вратот за да добие подобар поглед. Трамп тврдел дека видеото прикажува масовни гробови на бели земјоделци. Рамафоса одговорил дека претходно не ја видел снимката и дека би сакал да знае за која локација станува збор.

Потоа, Трамп покажал и печатени статии за кои кажал дека ги документираат убиствата на бели Јужноафриканци, кажувајќи „смрт, смрт“ додека ги прелистувал весниците.

Рамафоса кажал дека Јужна Африка навистина има сериозен проблем со криминалот, но дека најголемиот број жртви се црнци. Трамп го прекинал со коментарот: „Земјоделците не се црнци“. На што Рамафоса одговорил: „Подготвени сме да разговараме за тие прашања со вас“.

Во претходните месеци, Трамп го критикуваше законот за земјишна реформа на Јужна Африка, чија цел да е ги исправи неправдите од ерата на апартхејдот. Тој, исто така, повлече дел од помошта, го протера јужноафриканскиот амбасадор и им понуди засолниште на белите Јужноафриканци поради, како што тврди, расна дискриминација – за кои властите во Преторија велат дека се целосно неосновани.

Трамп ги обвини јужноафриканските власти дека одземаат земја од бели земјоделци и поттикнуваат насилство против нив преку „реторика на омраза и државни дејствија“. Владата на Јужна Африка ги отфрла тврдењата, велејќи дека тие ја игнорираат долгата и болна историја на колонијализмот и апартхејдот, за време на која црнците биле систематски лишени од правото на глас.

Средбата беше од големо значење за Јужна Африка, бидејќи Соединетите Американски Држави се нејзин втор најважен трговски партнер, веднаш по Кина. Намалувањата на американската помош веќе доведоа до пад на тестирањето за ХИВ во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ