понеделник, 22 декември 2025

Трамп ги утрои парите за мигрантите што ќе се „самодепортираат“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја утрои понудата за мигрантите што ќе одлучат доброволно да се „самодепортираат“ од САД на 3.000 долари, соопшти Министерството за внатрешна безбедност (ДХС).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парите ќе им бидат исплатени на лицата што нелегално престојуваат во земјата и ќе потпишат дека до крајот на годината ќе ги напуштат САД. Понудата вклучува и бесплатен лет до нивните матични земји. „Илегалните странци треба да го искористат овој дар и сами да се депортираат, затоа што ако не го сторат тоа, ќе ги пронајдеме, ќе ги уапсиме и никогаш нема да се вратат“, изјави министерката Кристи Ноем.

Администрацијата на Трамп во март ја активираше преименуваната апликација ЦБП хоум, со цел да им го олесни на луѓето самостојното заминување од земјата. Администрацијата на Бајден ја користеше апликацијата, претходно наречена ЦБП ван, за да им овозможи на мигрантите легален влез во САД.

ДХС во мај соопшти дека трошоците за апсење, задржување и депортација на лице без легален статус изнесуваат околу 17.000 долари.

Трамп, кој ја презеде функцијата во јануари со ветување за рекордни нивоа на депортации, ја засили пресметката со имиграцијата и покрај поделените реакции. Тој вети дека ќе депортира еден милион имигранти годишно, а неговата администрација досега оваа година протерала околу 622.000 имигранти.

Администрацијата се подготвува за уште поагресивен притисок врз имиграцијата во 2026 година, со милијарди нови средства, а американски функционери велат дека планираат да вработат илјадници нови имиграциски агенти, да отворат нови центри за притвор и да соработуваат со надворешни компании за пронаоѓање лица без легален статус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ