понеделник, 15 декември 2025

Трамп: Ги прекинав врските со Епстин затоа што украде луѓе кои работеа за мене

Американскиот претседател Доналд Трамп го даде најјасното објаснување досега за тоа зошто ги раскинал односите со Џефри Епстин, пренесува Анадолу.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Не сум разговарал со Џефри Епстин со години. Не сум разговарал со него затоа што направи нешто несоодветно. Тој го вработи мојот персонал, а јас му реков: „Никогаш повеќе немој да го правиш тоа“. Тој ги крадеше луѓето што работеа за мене. Потоа го направи тоа повторно. И јас го избркав. Тој стана персона нон грата“, им изјави Трамп на новинарите за време на посетата на Шкотска.

„Мило ми е што го направив тоа, ако навистина сакате да ја знаете вистината“, додаде американскиот претседател, зборувајќи во еден од неговите комерцијални голф клубови.

Епстин, осуден сексуален престапник, почина во 2019 година додека чекаше судење. Трамп се соочува со притисок да го објави целото досие на Епстин, но досега не го стори тоа, предизвикувајќи критики од демократите и некои од неговите поддржувачи.

Максвел разговараше со заменик државниот обвинител Тод Бланш двапати минатата недела. Според извештаите, ѝ бил даден ограничен имунитет и била испрашувана од околу 100 лица, но Министерството за правда не објави детали за тие разговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ