недела, 7 декември 2025

Трамп ги поништува сите документи кои Бајден ги потпишал со „автоматско пенкало“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги поништува сите документи потпишани од поранешниот претседател Џо Бајден со помош на автоматско пенкало – уред за автоматско потпишување. Трамп наведува дека ова се дури 92 проценти од ваквите документи, а својот проглас го објави на социјалната мрежа Трут соушал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во својата карактеристично директна порака, Трамп ги обвини соработниците на претходниот претседател за нелегални активности и му се закани на Бајден со тужби за давање лажни искази.

„Секој документ потпишан од Поспаниот Џо Бајден со автоматско пенкало, или приближно 92 отсто од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква сила или ефект. Автоматското пенкало не може да се користи освен со посебно овластување од претседателот на Соединетите Американски Држави. Радикално левичарските луди луѓе кои го опкружуваа Бајден околу прекрасната претседателска маса во Овалната соба го лишија од претседателството. Со ова ги поништувам сите извршни наредби и сè друго што не е директно потпишано од Нечесниот Џо Бајден, бидејќи луѓето што го користеле автоматското пенкало го направиле тоа нелегално. Џо Бајден не беше вклучен во процесот на автоматско потпишување и ако каже дека бил, ќе биде обвинет за лажно сведочење. Ви благодариме за вашето внимание на ова прашање!“, порача Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ