недела, 14 декември 2025

Трамп: Договор за мир во Украина мора да се случи до 8 август

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека сака договор за прекин на војната во Украина до 8 август, соопштија денес САД пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно даде до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да обезбедат мир“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот за безбедност.

Трамп изјави завчера дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки за Русија „за 10 дена“ доколку Москва не покаже напредок кон прекин на војната во Украина. Киев и Москва одржаа три рунди разговори во Истанбул оваа година кои резултираа со размена на затвореници и тела, но без никаков напредок во смирувањето на војната која трае речиси три и пол години.

„Имаме намера да ги продолжиме преговорите во Истанбул“, изјави рускиот заменик-амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански, пред Советот за безбедност, но исто така истакна дека „и покрај состаноците во Истанбул, на Запад сè уште постои страна која се залага за војна. Сè уште ги слушаме гласовите на оние кои мислат дека дипломатијата е всушност начин за критикување на Русија и вршење притисок врз неа“, се пожали тој.

Заменик-амбасадорката на Украина во ОН, Кристина Хајовишин, кажа дека Русија мора да се соочи со „единство, решителност и акција“. „Ние бараме сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН и ништо помалку. Повторуваме, целосно, непосредно и безусловно прекинување на огнот е клучно. Тоа е првиот чекор кон запирање на агресивната војна на Русија против Украина“, изјави таа пред Советот за безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ