„Под сериозно разгледување за целосно уништување и сигурна смрт, поради лошото однесување на Иран, се области и групи луѓе што до овој момент воопшто не беа разгледувани како цели за напаѓање“, напиша Трамп.
Трамп очигледно се повика на тоа дека претседателот на Иран денеска се извини, па тврдеше дека Масуд Пезешкијан „се предал“ на своите соседи на Блискиот Исток и „ветил дека повеќе нема да пука кон нив“, објави Си-ен-ен.
„Ова ветување беше дадено само поради немилосрдниот американски и израелски напад“, напиша Трамп.
„Иран повеќе не е ‘насилникот на Блискиот Исток’, туку, наместо тоа, е ‘ГУБИТНИКОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК’, и ќе биде таков многу децении, сѐ додека не се предаде или, поверојатно, целосно не се распадне! Денес Иран ќе биде погоден многу силно!“, напиша Трамп.
Објавата доаѓа една недела откако Соединетите Американски Држави ја почнаа својата воена операција против иранскиот режим.






