среда, 31 декември 2025

Трамп: Дали Украина треба да ѝ препушти територија на Русија? Тие места се и онака уништени (ВИДЕО)

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави изјави денес дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би требало да биде спремен на договор со рускиот претседател Владимир Путин за да се стави крај на тригодишната војна во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да се постигне договор“, кажа Трамп на конференција за новинарите во својот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида. Трамп кажа и дека ќе разговара со Путин и Зеленски за завршување на војната во Украина, истакнувајќи дека го вознемируваат глетките на разурнување. „Тоа мора да престане“, порача Трамп.

Трамп не даде директен одговор на прашањето дали верува дека Украина би требало да ѝ препушти територија на Русија како дел од преговорите за завршување на војната. Кажа дека одговор на тоа прашање ќе може да даде по состанокот со претставниците, но напомена дека голем дел од спорната територија е сведен на урнатини и дека за опоравување на таа област би бил потребен еден век. „Мислам, има градови во кои повеќе нема ниедна зграда, тие места се уништени“, оцени тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ