вторник, 6 јануари 2026

Трамп: Да не победев, Америка ќе станеше Венецуела на стероиди

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе управуваат со Венецуела до „сигурна“ политичка транзиција, додавајќи дека Вашингтон е подготвен за повеќе напади доколку се појави потреба, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доцна синоќа и рано утрово, вооружените сили на Соединетите Американски Држави спроведоа воена операција во главниот град на Венецуела. Ниту една земја во светот не можеше да го постигне она што го постигна Америка“, рече Трамп на прес-конференција во Мар-а-Лаго, на Флорида, каде што му се придружија високи функционери, вклучувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.

Трамп кажа дека САД ќе ја водат Венецуела до сигурно предавање на власта.

„Не можеме да ризикуваме некој друг да ја преземе Венецуела, кој не ги има предвид интересите на Венецуелците“, кажа американскиот претседател/

Не е јасно, истакнува Ројтерс, како Трамп планира да ја надгледува Венецуела. И покрај драматичната ноќна операција во која беше заробен Николас Мадуро, американските сили немаат контрола врз самата земја.

„Имајте мир. Правда. Ќе имате дел од богатството што го имате многу долго време, со цврста основа – тие тоа го уништија. Сетете се дека ви кажав: ако ги изгубиме изборите, САД ќе станат Венецуела. Да ги изгубевме изборите во 2024 година, ќе страдавме ужасно. Кога ќе погледнете на границата од 2020 година, што направија, што направи Бајден, тоа немаше да се случи. Ние ќе го завршевме тоа.

Кажував тогаш: ако тие победат, САД ќе станат Венецуела на стероиди. И тоа ќе се случеше. Ви благодарам“, порача Трамп.

Доналд Трамп го кажа ова во ноември 2020 година. Во тоа време, тој го изрази својот страв дека Америка, ако тој ги изгуби изборите, може да стане „Венецуела на силни стероиди“.

„Кажував претходно дека и ние можеме да ја станеме Венецуела“, кажа Трамп во 2020 година, потсетувајќи дека пред петнаесет години таа земја била „навистина богата“ со „огромна иднина“. Сепак, како што додаде, „тие почнаа со поинаква идеологија“ и сега „таа земја е целосна катастрофа“.

Тој предупреди дека такво сценарио може да се реализира ако демонстрантите на американските улици го добијат она што го бараат. „Може да се случи, може да се случи“, кажа тој. „САД би можеле да станат Венецуела на силни стероиди. Со мене тоа не се случува“, тврдеше Трамп, но со „погрешни луѓе на власт, може да се случи радикално “.

Трамп тврдеше дека Бајден бил премногу мек кон режимот во Каракас. „Бајден се сретна со Мадуро, го опсипуваше со комплименти. Се беше медено“, кажа тој, додека неговата администрација „воведува санкции какви што досега не виделе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ